На Црногорците им е скапо Балканското првенство во нивната земја, а македонските клубови ќе платат 25.000 евра!?

 

 

Црногорските клубови се бунат против извстеувањето на Карате сојузот на Црна Гора нивните репрезентативци да плаќаат по 100 евра за учество на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кое се одржува во нивното Игало кај Херцег Нови од 10-12 декември.

„Мислиме дека црногорските репрезентативци не би требало да плаќаат за натпреварување кога натпреварувањето се организира во Црна Гора“, велат од КК Омладинац на нивниот ФБ профил како коментар на изветсувањето од КСЦГ.

Во известувањето се вели дека сите репрезентаивци ќе плаќаат намалена цена на комплетниот аранжман кој чини 100 евра. Во цената се вклучени три ноќевања на база на полупансион и котизација за учество. Уште се наведува дека и  освојувачите на европски и светски медали ќе си ги плаќаат трошоците.

На ова натпреварување ќе настапат и македонските каратисти кои ќе треба да се избороат за место во репрезентацијата на Европското првенство во Сочи, Русија, во февруари во 2018 година. Речиси во секоја категорија ќе настапат по четворица натпреварувачи плус екипните настапи во кати и борби, како и придружниот кадар. Се на се околу 150 лица. Аранжамнот по лице е 150 евра или 22.500 евра за сите. Кога на ова ќе се додадат по 20 евра за котизација и уште по 20 за екипните настапи, сумата ќе се заокружи на околу 25.000 евра кои треба да ги платат клубовите.

На ова треба да се додаде дека во годината се орагнизираат по три Блакански првенства за деца, за кадети, јуниори и У-21 и сениори. Се собираат многу пари, каде завршуваат одговор треба да дадат Балканската федерација и националните федерации.

Да потсетиме на скандалот годинава во Истанбул на БП за деца, кога по 5-6 беа сместувани во соба, а плаќаа за дво и трикреветни соби. Исто така полани во Црна Гора имаше проблем со сместувањето, а дебело се наплаќаше. Хрватите се побунија кога шампионатот се одржуваше во Србија дека им е скапо сместувањето, па добија одврзани раце сами да си најдат хотели, што дефинтивно ги чеинеше поевтино.

Од кај нас нема официјално изјаснување. Неофицијално…

Трошоците на клубовите се уште поголеми бидејќи имаат повеќе настапи во текот на годината за да изберат место во репрезентацијата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО