На тренерот и таткото на Фјури му е забранет влез во Нов Зеланд за борбата со Паркер

Хјуи Фјури (20-0, 10 КО) на 6 мај во Окленд ќе се бори против ВБО првакот во тешка категорија Џозеф Паркер (22-0, 18 КО).

Во аголот во борбата за светската титула нема да биде неговиот татко и тренер Питер Фјури. Не му била издадена виза за Нов Зеланд и нема да биде во можност да го води својот син на мечот со домашниот боксер.

Англичанецот бил убеден дека се ќе помине без проблеми кога поднел барање, иако поминал 10 години во затвор за поседување на дрога со намера да го продаде откако беше осуден во 1995 година и уште две години за перење пари во 2008 година.

Човекот одговорен за успехот на Тајсон и Хјуи едно време беше еден од најголемите криминалци на Островот.

48-годишниот тренер имаше илегално царство во срцето на северозападниот дел на Англија.

Својата тврдина ја создаде во Стокпорт во близина на Манчестер, од каде што ја надгледуваше дистрибуција на амфетамини, пордаи што во 1995 година беше осуден, за да продолжи да ја води  работата од зад решетки. 2008 година беше осуден за перење пари, исто така поврзано со дрога.

Судот пред пет години му нареди да ги врати скриенити средства од судот и Фјури врати околу еден милион фунти.

Во судот се слушнаа дека Питер Фјури е „човек со значајна интелигенција“  кој воспоставил комплицирана бизнис мрежа користејќи 12 различни имиња и сметки во САД, Шпанија, Ирска, Белгија и Велика Британија.

Тврди дека неговиот син Хјуи и внукот Тајсон му дале нова насока и да му помогнале да си го среди животот.

Кога не е во сала во Ланкашир, Питер Фјури ужива во животот на милионер на француската ривиера. Сопственик е на вила во Кан, а познат е и по љубов спрема спортските автомобили.

Во 2013 година му е одбиена визата за САД. Не можеше да биде во аголот на Тајсон кога се крена од подот и го нокаутира од поранешниот светски шампион Стив Канингем во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО