Меѓународниот турнир „Скопје опен 2017“ со рекореден број на таеквондисти

На Меѓународниот турнир во таеквондо „Скопје опен“ оваа година се пријавени рекордни 400 натреварувачи од 9 земји од регионов што го прави најголем таеквондо турнир организиран до сега кај нас.

Целта на овој турнир е да Македонската таеквондо федерација да покаже подготвеност за организирање на големи настани во таеквондото и афирмација на овој спорт во Македонија.

Турнирот се организира по четрти пат во Скопје, ќе се одржи на 26 март во СРЦ Кале со почеток во 10 часот, свеченото отварање е во 11часот.

МТФ ги кани сите љубители на овој олимписки спорт да дојдат и да уживаат во неговите убавини. На турнирот ќе настапат нашите најдобри репрезентативци.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО