ФБСМ: Речиси се исполнети ветувањата, Бисерот во Штип, ревидирање на претходното работење

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на денешната прес-конференција информираше за активностите по изборот на новото раководство на вонредното Собрание на 28 декември 2016 година, а беше претставена и програмата на активности до крајот на оваа година.

Директорот на федерацијата, Страшо Глигоров, накратко ја образложи моменталната ситуација и се осврна на програмскиот дел за оваа година, кој е доста обемен и оптимистички. Во календарот се застапени учества на македонските борачи на сите позначајни меѓународни турнири, како и на сите официјални турнири, како што се: Европско првенство за борачи до 23 години, Европско првенство за сениори, Европско првенство за ученици, за јуниори и за кадети, Светско првенство за јуниори, сениори, кадети, како и учество на Балканските првенства.

Претседателот на ФБСМ, Бетим Вранези, се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и на Македонскиот олимписки комитет, за поддршката во овој период, околу средувањето на состојбата и изнаоѓање на начин таа соработка да се продлабочи.

„Федерацијата успеа да го врати долгот, односно да ја уплати првата рата кон Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) и да ја симне суспензијата на репрезентацијата и да ја одблокира домашната сметка за долгот кон ВИП. Вториот и последен долг треба да се израмни до месец мај. Расчистени се и обврските кон Бугарската федерација и благодарејќи на разбирањето на првиот човек Цено Ценев, обезбедени се непречени подготовки на нашите репрезентативци во спортскиот центар на Софија“, рече Вренези.

Вренези му оддаде голема благодраност на претседателот на МОК, Васил Тупурковски, кој помогнал во расчистувањето на долгот со ОБС, како и за обврските во Бугарија, пред се со контактот со претседателот ОБС Европа (ЦЕЛА) Цено Ценев.

Пртеседателот на ФБСМ нагласи дека сега се концентрирани кон младитен генерации. Тој истакна дека имаме и натурализирани борачи и дека и за нив важат истите критериуми како и за домашните. Според него, 80 отсто од средствата добиени од АМС и МОК се потрошени на нив, а немале резултат.

Ipon.mk го потсети првиот човек на ФБСМ дека Халил Зубаиров на ЕП У-23 во Полска во 2015 година освои бронзен медал, на што вренези одговори дека немало резултат во сениорска конкуренција.

Од друга страна, тој вели дека она што го ветиле на Собранието досега е реализирано 70 отсто. Организирани се првенства за младинските категории, а исто така одржани се и два спортски кампа. Ќе бидат одржани семинари за едукација на тренерите, судиите и делегатите, а клубовите ќе бидат ослободени од котизација и сите ќе бидат опремени во иста опрема.

Потпретседателот Дејан Богданов истакна дека полека, но сигурно, се навлегува во суштината за борењето да се врати на нормален колосек. За таа цел извршена е посета по сите клубови, за да се запознаат со нивната работа, со напомената дека сите оние борачи или клубови кои ќе сакаат да настапат на првенства, средствата за учество ќе им ги подмири Федерацијата. Перспективата за борењето е се поголемиот интерес на младите, а за тоа сведочи и обновата на некои клубови, како и зголемувањето на новоформирани клубови.

Беа посочени новите клубови во Карбинци и Пробиштип, каде што бараат душек од Федерацијата за да почнат со своите активности. Во 90-тите години Пробиштип имаше прволигаш. А се кативираат и клубовите Ускана од Кичево и Сарај,кои се дел од пеливанското борење.

„Ни требаат 2-3 години за да излеземе со првите поголеми и позначајни резултати“, рече Богаданов, нагласувајќи дека ветеното го исполниле 90 посто.

Во врска со Македонскиот бисер кој годинава ќе се одржи во Штип, Дејан Богданов истакна дека оваа година градот Штип ќе биде домаќин од 10 и 11 јуни и ќе биде еден од најквалитетните турнири. За Бисерот веќе е потврдено учество на борачи од 10 земји.

На новинарско прашање дали имале опструкции претседатело Вренези рече дека имало, но и дека тие ја работеле нивната работа. Нагласи дека ревизија ќе имана претходното работње, а за таа цел наскоро ќе се избере ревизорска куќа.

Според нивно уверување, сите борачи, па и оние нашите што се борат во странство, ќе добијат шанса ако се појават на Изборно првенство и ги почитуваат Правилникот и Критериумите на Федерацијата. Поради непочитивање на наведените услови нејаувањето на тренерот на репрезентацијата е изоставен вардаровиот борач Владимир Егоров од списокот за ЕП У-23 следниот викенд во Унгарија.

На прашањето на Ipon.mk кога репрезентацијата ќе биде опремена со опрема која јасно ќе ја претставува Македонија, Вренези истакна дека во Софија се работи на новите дресови, а потоа сите репрезентативци ќе бидат опремени како што доликува на една репрезентација. Моравме да потенцираме дека долго време не сме ја виделе репрезентацијата во една единствена опрема.

Сепак, клучна работа за развојот на борењето е да има платени тренери, затоа се разговара со МОК да се обезедат средства да има барем по еден платен трернер.

На забелешките од повеќе клубови дека канцеларијата не работи и на нашата забелешка дали има промена на Статутот за да го има сегашното тело секретаријат наместо генерален секретар, Бетим посочи дека Федерацијата ја водат двајца секретари, Александар Лазаров во Штип и Мустафа Адеми во Скопје и дека истата работи, но и дека е направена статутарна промена за да се овозможи на овој начин да функционира ФБСМ.

Директорот на репрезентацијата Страшо Глигоров рече дека наскоро треба да се конситуира Лига одбор кој ќе утврди дали има клубови кои ќе сакаат да се натпреваруват во лигашки систем.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО