На Тајсон Фјури му требаа само две рунди да го згази Том Шварц (ВИДЕО)

Тајсон Фјури (28-0-1, 20 KO), како и што се очекуваше, го победи Германецот Том Шварц (24-1-0, 16 KO) во неговото деби Лас Вегас со технички нокаут уште во втората рунда.

Германецот не беше достоен противник за Фјури кој го претепа за неполни две минути, па судијата по вториот нокдаун мораше да го прекине мечот.

По дуелот Фјури очекувано беше расположен, па во рингот запеа и хит на Аеросмит „I don’t wanna miss a thing“…

Исто така, најави и нов меч на крајот на септември и почетокот на октомври, како и нова борба со Дионтај Вајлдер следната година.

„Доаѓам по тој зелен појас“, кратко изјави Фјури, кој стигна до 28-та победа во кариерата во која има само едно реми. Додека на Шварц ова му беше прв пораз во 25-тата борба.

https://www.youtube.com/watch?v=RIB5nVs4Se8
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО