Фјури за борбата со Шварц ќе заработи повеќе од 10 милиона долари

Борбата на Тајсон Фјури со Том Шварц му е прва по вносниот договор што го потпиша со телевизиската куќа ЕСПН.

Според податоците на Спортската комисија на Невада, 30-годишниот британски борец официјален ќе добие еден милион долари, но Дан Рафаел од ЕСПН објави дека „Кралот на Циганите“ всушност ќе заработи 12,5 милиони долари.

Наведената плата за Германецот е 250.000 долари, но се претпоставува дека вкупно ќе заработи околу еден милион.

Полутешкашите Саливан Барера и Џеси Харт се платени 125.000 долари, односно 150.000, додека остатокот од настанот го пополнуваат со боксери од понизок ранг и почетници.

На настанот настапи и италијанскиот тешкаш Гвидо Вијанело (3-0, 3 КО) која сите три професионални борби ги направи во Америка.

Спортска комисија на Невада:

Тајсон Фјури 1 милион долари (загарантирани 12,5 милиони долари)

Том Шварц 250 000 $ (загарантирана околу еден милион)

Саливан Барера 125.000 Џеси Харт 150.000 долари

Микаела Мајер 20,000 Лизбет Креспо (податоците не се достапни)

Енди Венсис 20.000 Алберт Бел 20.000 долари

Исак Лоу 20.000 – Дјуран Вуе 20.000

Џем Килиќ 4.000Мартез Мек Грегор 5.000

Сони Конто 4.000 Даниел Инфанте 3.000

Гвидо Вијанело 10.000 Кинан Хикман 4000

Петар Кадиру 1.000 Хуан Торес 4.000 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО