На семинарот во Битола доделени 8 тренерски лиценци за реален аикидо

Вчера во Битола се одржа семинар и полагање на Аикидо федерацијата на Македонија за реално аикидо. Семинарот беше  за кандидати за мајстори во реално аикидо, а полагањето за мајстори тренери.  

Од 12-мина кандидати осум се здобија со тренерски лиценци.

„Согласно програмата секоја година има обновувањена лиценци и подготовка на кадидати мајстори“, ни рече претседателот на Федерацијата Ѓуро Илиќ.

Клубот за реал аикидо ,,Нико” од Кочани предводен од тренерот м-р Николчо Гоцев 2 дан, беше еден од најбројаните на семинаротна семинарот и тренерска школа за црни и кафеави појаси.

На успешниот семинар и тренерска школа учесниците се здобија со тренерски лиценци и побогати знаења од областа на педагошкиот пристап на тренерите на чело со претседателот Ѓуро Илиќ, носител на мајсторски појас 7 дан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО