Златен медал за Дејан Георгиевски на Г-1 турнирот „Софија опен“, бронзи за Марко Стевиќ и Анамарија Георгиевска

Сениорите освоија три медали на Меѓународниот Г-1 таеквондо турнир „Софија опен 2020“ – еден златен и два бронзени.

Златен за Дејан Георгиески и  бронзен за Марко Стевиќ во категоријата над 87 килограми. Дејан беше подобар од клупскиот другар Марко во полуфиналето, а во финалето славеше над Французинот Омар ел Јазиди.

Анамарија Георгиевска со победата против Јена Паратанен од Финска се пласира во полуфиналето и обезбеди бронза,  каде што загуби од Унгарката Ребека Фуреди.

Филип Додевски е поразен од Махди Ходабахши (Србија).

Да потсетиме дека вчера во јуниорска конкуренција Филип Стаменов освои златен медал, а Дејан Трајковски и Мила Рељиќ сребрени.

Резултати
-58 кг
Марко Аврамовски – Арбон Зекај (Црна Гора) 20-22
-74 кг
Дарко Тарчуговски – Андреј Гритцан (Молдавија) 6-26
Христијан Спасовски – Калојан Бинев (Бугарија) 8-19

-78 кг
Филип Додевски – Махди Ходабахши (Србија) 5-11

+87 кг
Дејан Георгиевски – Марко Стевиќ 0-0
Финале
Дејан Георгиевски – Омар ел Јазиди (Франција) 36-21

Марко Стевиќ – Георгиос Билалис (Грција) 18-7

-67 кг
Анамарија Георгиевска – Јена Паратанен (Финска) 14-12
Анамарија Георгиевска – Ребека Фуреди (Унгарија) 5-15

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО