АктуелноБорењеДомашна сцена

На овој ден беше промовирана книгата „Патот на олимпискиот шампион”

На овој ден, пред 6 години, на 7 декември 2016 година во хотелот „Александар палас“ беше прмовирана книгата за Шабан Трстена „Патот на олимпискиот шампион”

По тој повод олмпискиот шампион на Фејсбук напиша:

„Пред неколку години почнав да се анализирам подлабоко себеси, кој сум, како дојде до овој голем успех и освоив толку медали, трофеи и ги победив најмоќните противници во светот.
По три, четири години на истражување,собирање на архивски материјал, фотографии, интервјуа, по неколку дена и безброј макотрпна работа ноќи, во тесна соработка со моето семејство и и двајцата автори на книгата „Патот на олимпискиот шампион““.

Книгата ги опфаќа животот и 19-годишната спортска кариера на олимпискиот шампион, Шабан Трстена, од 1977 до 1996 година.

„Патот на олимпискиот шампион“  ја напишаа и редактираа  Сефер Таири, Решат Ибраими и Флорим Реџепи и шампионот Шабан Трстена. Инаку, печатењето е во режија на Трстена.

„Патот на олимпискиот шампион“ ја промовираа претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, проф. д-р Беким Телаи, како и авторите на книгата.

Ќе потсетиме дека олмпискиот шампион беше снимен документраен филм „Кобра“ кој ја имаше премиерата на 20 април 2018 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON