„Кобра“ – приказна која ве остава без здив, документарниот филм за олимпискиот шампион Шабан Трстена (ВИДЕО)

„Кобра“ синоќа ја имаше својата премиера во киното „Милениум“ во Скопје.

Документарниот филм за спортистот на 20.век во Македонија, Шабан Трстена, се прикажа пред многу гости од спортот, филмот и општествениот живот на Македонија, како и семејството на на главниот јунак на „Кобра“.

Филмот го обработува спортскиот живот на најголемите македонски спортски имиња, неговите славни денови, пропратен со работи кои досега не беа познати на пошироката спортска јавност.

Како што рече продуцентот Томи Салковски, документарниот филм е направен за да на е се збаорават извонредните резултати на олимпиксиот шампион, престатвувајќи ги неговите успеси, животот и односот на политиката во даден момент спрема спортистот.

Тој се надева дека Кобра барем во еден дел ќе ја постигне славата на филмските фестивали како олимпиксиот шампион.

Шабан Трстена беше возбуден по прикажувањето на документарецот и рече дека бил изненаден кога му се јавила екипата на „Скопје филм студио“ да снима филм за него. Истакна дека ништо не добил, но, сепак, тој е богат човек, бидејќи кај и да отиде секаде е пречекуван со воодушевување и почит во татаковината – Македонија.

„Сите доаѓаат да ми честитаат на успесите и да се сликаат со мене“, рече Трстена и и се заблагодари на екипата што го направи филмот за него.

Филмот го направи „Скопје филм студио“ во состав: режисер Игор Иванов, продуцент Томи Слаковски, Владимир Павловски и Димитар Минов.

На промоцијата на филмот присуствуваа бројни личности од домашниот јавен живот.

Селекторот на поранешната репрезентација на СФРЈ во чиј дрес настапуваше тогаш Трстена, легендата на македонското борење Насе Насев, претседателот на МОК, Васил Тупурковски, поранешниот генерален секретар на МОК, Зоран Гапиќ, поранешниот претседател на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, неговите колеги Зоран Шоров, Страшо Глигоров…, како и доајените на македонското спортско новинарство кои цел живот ги следеа неговите настапи, Атанас Костовски, Миодраг Мицковиќ, Кирил Манев, Зоран Михајлов…, како и бројни личности од домашниот спортски живот.

 

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО