На Македонскиот бисер учеството го потврдија 11 репрезентации

Од 9 д 11 јуни во Штип се одржува традиционалниот Меѓународен турнир „Македонски бисер“ по 41-ви пат. Годинава се очекува рекоден број на учесници, бидејќи само досега учеството го потврдиле 11 држави, како Турција, Романија, Русија, Бугарија, Албанија, Грција и други.

По тој повод од печат излезе поканата за овој престижен турнир, а сите други подготовки се полн ек.

„Годинава сакаме да му дадеме поголемо значење на „Македонскиот бисер“ и да биде на повисоко ниво и во кавлитативна и во квантитативна смисла, но и во организациона. Сакаме да го вратиме стариот сјај на Бисерот“, вели потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Дејан Богданов.

Организатори се ФБСМ и БК Балканец.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО