Кличко: Самиот сум си виновен за поразот од Фјури

Владимир Кличко избегнува да зборува за последниот пораз од Тајсон Фјури, но во пресрет на средбата со Ентони Џошуа Украинецот одлучи да си го прочисти умот за една од најслабите боксерски вечери во неговатата кариера. На крајот на 2015-тата легендата беше победен на поени од Британецот и ги загуби титулите.

„Вината е моја. Никој друг не ми е виновен за четирите порази во професионалниот ринг. На средбата со Фјури бев премногу претпазлив. Не можам за поразите да го обвинувам мојот тим или да му ја оддадам заслугата на Тајсон. Имав потреба од реванш со Фјури. Два пати се подготвував за него. Сега него го нема и е време за Џошуа. Долго време бев шампион, но сега треба да почнам одново. и друг пат сум имал таков период. Сум губел, но потоа се враќав. Луѓето заборавија дека не секогаш сум бил на врвот. Борбата со Џошуа е најважната во мојата кариера“, ја презеде одговорноста Кличко.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО