На крај „супер борба“ во полутешка: Олимпискиот првак против апсолутниот владар во категоријата!

Ward-vs-Kovalev-Screenshot

Бокс по долго време ќе има вистинска „супер борба“ во полутешка категорија. Сергеј Ковалев и Андре Вард потпишаа договор за меѓусебна средба која на распоредот треба да биде 19 ноември оваа година.

Ковалев, која е сопственик на титулите на ИБФ, ВБО и ВБА, делува како недопирлив во полутешка категорија, вусшност тоа е причината зошто бокс фановите се возбудени кога ја слушнаа веста дека Вард поминал во истата категорија. Освен тоа што е златен од Олимписките игри во Атина, Американецот  е и поранешен светски шампион во супер средна категорија, а дебито во категоријата во која владее доминантниот “Krusher” пред околу еден месец, кога без поголеми проблеми го совлада, во тој момент, непоразениот Кубанец Саливан Барер.

„Ковалев и Вард потпишаа договор. И двајцата имаат по една борба пред нивната средба. Сергеј ќе се бори со Исак Чилемб на 11 јули, а не сум сигурен кога и каде се бори Андре“, рече Егис Климас, менаџерот на рускиот борец.

Ковалев во моментов застана на скорот од 29 победи и еден нерешен меч, а последен пат ја одбрани титулата во одлична изведба против Жан Паскал, која се одржа на почетокот на оваа година. Од друга страна, Вард се уште е непоразен и се славеше во сите 29 пресметки кои ги направи од своето професионално деби во 2004 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО