На Европското првенство утре во Скопје ќе се борат петмина наши борачи

Утре во Скопје почнува Европското првенство за кадети во борење во слободен стил, грчко-римски и борење жени, а ќе трае до 20 мај, при што ќе настапат 700 натпреварувачи.

Натпреварите ќе се одржуваат во Спортската сала „Кале“ со почеток во 10:30 часот.

Утре на душекот ќе излезат петмина наши борачи.

-45 кг – 1/8 финале

Бесир Алили  – Кенан Чустовиќ (Босна и Херцеговина)

-51 кг -1/8 финале

Идриз Идар – Адем Бурак Узун (Турција)

-60 кг – квалификации

Давид Мишев – Симоне Винченцо Пироду (Италија)

-71 кг – квалификации

Реџеп Хајдари – Доминик Мезеи (Унгарија)

-92 кг – 1/8 финале

Јусуф Пајазити – Данило Стасиук (Украина)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО