На Дилијан Вајт му пречи што некои сакаат да го турнат на страна и се да прикажат како тоа да е шоу на Фјури

Дилиен Вајт ќе боксира на Вембли на 23 април против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури. Промоторот Френк Ворен и неговиот Квинсбери ја понудија најголемата „понуда“ за домаќинство на мечот, а Фјури и Вајт ќе поделат хонорар од 41 милион долари.

Вајт не сакаше да учествува во промоцијата на борбата, бидејќи е незадоволен од одлуката на ВБЦ да го подели хонорарот 80-20 во корист на Фјури.

Но, една недела пред средбата, тој реши да зборува за борбата против Џипси кинг. Пред една година Дилиен во реваншот го совлада Александар Поветкин и го врати појасот на привремен шампион на ВБЦ, а доби можност да ја освои титулата.

„Тоа не е шоу на Тајсон Фјури. Сите само зборуваат за него, но билетите се распродадени поради двајцата. Фјури се бореше со Вајлдер кој е суперѕвезда, а сега ние двајца ќе понудиме голема борба“, изјави Дилиен Вајт и продолжи:

„Не играм како другите ми свират, јас сум воин. И двајцата треба да бидеме заедно во ова“.

Му пречи што го фаворизираат Тајсон Фјури и секогаш е во прв план. Дилиен верува дека и двајцата треба подеднакво да придонесат за промоција на борбата.

„Некои луѓе се обидуваат да ме турнат на страна и да покажат се како да е настан на Фјури. Јас сум професионалец и подготвен сум да го преземам својот дел од задачата“, подвлече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО