Мусаси го брани појасот против првкот во велтер Рори Мек Доналд

И двајцата ја сакаа оваа борба и ја добија.

Поранешните УФЦ ѕвезди Гегард Мусаси (44-6-2) и Рори Мек Доналд (20-4) на 29 септември на настанот на Белатор во Сан Хозе ќе се борат за титулата во средна категорија.

На Мусаси тоа ќе му биде прва одбрана на титулата освоена во мај во Лондон со нокаутот во првата рунда против Рафаел Карваљо.

28-годишниот Мек Доналд славеше во првите две битки во Белотор. Во мај минатата година со давење од позади го победи Пол Дејли, а во јануари со едногласната одлука на судиите беше подобар од Даглас Вајм и го освои шампионскиот појас во велтер категорија.

Ако победи, Канаѓанецот ќе стане првиот шампион во историјата на Белатор кој во исто време има титули во две категории.

На овој настан Вандерлеј Силва и Квинтон Џексон ќе се борат по четврти пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО