Муртезани 8-ми на Светското традиционално борење во Турција

Pelivani vo Turcija reprezentacija

Младиот Бислим Муртезани (-80 кг) имаше забележителен настап на Светското традиционално борење во Хатај-Турција. Тој го освои осмото место, а во иднина се очекуваат и поголеми резултати од него.

Pelivani vo Turcija dvajca

Искусниот Мухамет Вјсели (100 кг) имаше една победа, а во второто коло загуби  од Унгарецот  Золтан Пентек,  додека преостанати двајца претставници, Фуат Ќаиловски и Фуркан Јаја (-60 кг) се поразени во првото коло од Иранецот  Алиреза Јаханијан и од Азербејџхан Мурадзаде Мусфик.

Pelivanite vo Turcija defile

На Светско првенство во пеливанско борење учествуваа вкупно 26 земји, а нашата репрезентација во екипен пласман е 16-та.

Од Федерацијата за пеливанско борење на Македонија истакнуваат дека не биле комплетни, затоа што Бобан Данов и Дејан Митров настапуваа на Светското првенство во борење во Лас Вегас, а Рамаза Бакија поради финансиите, кои се обезбедени во последен момент, немал време за регулирање на тежината.

Pelivani vo Turcija opsto

„За жал, најдобриот и главен адут за освојување на медал на ова Светско натпреварување во традиционално борење, Рамаза Бакија, не настапи.  Сепак, сме задоволни од настапаот на нашите претставници, а тие го  дадоа максимумот. Во иднина, веруваме дека ќе постигнеме уште подобри резултати. Остваривме  и средба со председателот на светската АБА во традиционално борење, со господинот проф.д-р Ибрахим Озтек“, истакнува генералниот секретар на Федерацијата за пеливанско борење, Хамид Бакија.

Pelivanite vo Turcija site

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО