ЕКСКЛУЗИВНО: Боксерот Примислав Димовски ќе гради кик бокс кариера!

Primislav Dimovski so Bogoevski vo Mok

Екслузивно дознаваме дека Државното кик бокс првенство во сабота ќе биде засилено за еден голем мајстор на „благородната вештина“, тоа е боксерскиот репрезентативец на Македонија во тешка категорија Примислав Димовски, кој ќе брани боите на КБК Адреналин.

Минатиот месец Димовски требаше да настапи на Европското првенство во бокс во Бугарија, но поради лошата состојба во Боксерската федерација на Македонија тој не отпатува да се бори за еден од медалите и да брка виза за Олимписките игри во Рио 2016 година.

Што ве натера на овој потег?

-Па ќе настапам затоа што во боксот немав прилика, а и ќе нема шанси уште некое време да се настапи. Во кик бокс ќе се обидам да се наметнам, бидејќи е многу близок на боксот.

На Државното ќе се сретнеш со битолчанецот Александар Димовски-Димса, на кого, исто така, прва љубов му е боксот и произлегува од битолската боксерска школа. Што очекуваш од Вашата борба? Којата ти е целта со кикбоскот?

-Повеќе мислам на интернационални настапи, ама прво ќе мора на домашниот ринг да настапам. А, Александар е единствен кој, всушност, може да ги вкрсти ракавиците со мене. Други во најтешката категорија во кик бокс дисциплините со вистински удари нема или не сум ги видел, а ги има по клубовите и тренираат.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО