Кро Кап: На Федор не му требаат моите совети (ВИДЕО)

Filipović Koreja

Мирко Филиповиќ на 28 ноември ќе настапи на УФЦ Фајт најт, кој ќе се одржи во Сеул, и ќе се бори против Ентони Хамилтон, а со цел да се промовира целиот настан беше во Јужна Кореја, каде што се одржа прес-конференција.

Кро Коп по победата над Габриел Гонзага, очекува нов настап на УФЦ. Неговиот противник е Ентони Хамилтон, УФЦ објави снимка од прес-конференција на која беше и тој.

Едно од прашањата е беше поврзано со неговата популарност во Јужна Кореја.

„Знам дека имам многу приврзаници тука и во Јапонија. Никогаш не сум се борел во Кореја, освен ако не се сметка еден стар аматерски меч во 1996 година. Во професионалната кариера никогаш не сум се борел овде и јас сум многу среќен што сум дел од овој настан“, рече Филиповиќ.

Неизбежно беше прашањето во врска со враќањето на Федор Емилијаненко.

„Федор е доволно возрасен, така што дефинитивно не му се потребни никакви совети, особено моите. Но, јас му посакувам се најдобро. Тоа е се што можам да кажам“.

Одговорите на Кро Кап може да ги погледнете во 10:00 и во 22:00 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО