Мунгуја во дебито во средна категорија го запре О’Саливен (ВИДЕО)

Џејм Мунгуја во Сан Антонио (35-0, 28 КО) го направи дебито во средна категорија.

Во вториот меч кој го одработи со тренерот Ерик Моралес, 23-годишниот Мексиканец го запре 35-годишниот Ирец, Гери О’Саливен (30-4, 21 КО) во 11-тата рунд.

Со серија удари Мунгуја го испрати Ирецот на подот, а неговиот агол ја прекина борбата со фрлање крпа.

Мексиканецот е поранешен шампион во полусредна категорија на ВБО со 5 одбрани на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО