И во Плеј офот државните прваци триумфираа, само Петар Заборски го симна Ненад Ќелебиќ од пиедесталот

Денес Плеј офот не донесе некои побитни поместувања во однос на Државното карате првенство за сениорикое вчера се одржа во Скопје, со еден исклучок во категоријата до 75 килограми каде што Петар Заборски го симна од пиедесталот Ненад Ќелебиќ.

И Петар Спасеновски беше прв во Плеј офот.

Сега е на ред селекторот Сашко Арсовски да го одреди списокот на репрезенативци за Европското првенство во Баку; Азербејџан, во март, а потоа и за Олимписките квалификации во мај во Париз.

Резултати

Жени
-50 кг
1.Сара Радичевска – Макпетрол
-55 кг
1.Симона Заборска – Макпетрол
-61 кг
1.Вероника Костовска – Олимпик Спорт
-68 кг
1.Ангела Мојсовска – Макпетрол
+68 кг
1.Моника Стефановска – Макпетрол

Мажи
-60 кг
1.Абдурахим Идризи – Макпетрол
-67 кг
1.Фаик Весели – Олимпик Спорт
-75 кг
1.Петар Заборски – Макпетрол
-84 кг
1.Петар Спасеновски – Макпетрол
+84 кг
1.Жарко Арсосвки – Штип
Ката мажи
1.Александар Неделковски – Металург
Ката жени
1.Пуликсенија Јованоска – Фунакоши Гичин
Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО