Мухамед Али суспендиран две години поради допинг

Мухамед Али е супсендиран на две години поради употреба на допинг, но ова е младиот британски боксер кој го носи истото име со славниот. Оној, вистинскиот, би се срамел од својот од 21-годишниот Британец, кој ја утна работата уште на стартот на својата кариера.

На допинг тестот направен во април минатата година во неговиот примерок е пронајдена забранетатат супстанца трендолон, заради што Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) му изрече ригорозна казна.

„Пронајдени се два нанограма од супстанцата, не можам да објаснам од каде“,  рече 21-годишниот боксер.

Тој тврди дека сакал да ја намли тежината, а не да ја зголеми, па затоа уште почудно е што е позитивен на оваа супстанца со која се зголемува мускулната маса.

„Тешко го доживеав сето ова, мислев дека ќе бидам суспендиран најмногу шест месеци. Но, ќе се опоравам и ќе се вратам“, изјави Али.

Мухамед Али (-52 кг) ја преставуваше Велика Британија на ОИ во Рио, ама таму не се прослави, беше елиминиран уште во првото коло. Во 2016 година, тој беше и европски вицешампион. тој за БиБиСи изјави дека напорно ќе тренира и дека ќе учетсвува на ОИ во Токио 2020.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО