Моника Стефановска беше блиску до медалот во Ротердам, денеска каратистите забележаа 6 победи на Премиер лигата

Може да се рече дека на вториот ден од Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија, нашите каратисти имаа поуспешен ден од вчерашниот кога забележавме само една победа, а денеска шест, пред се со добриот настап на Моника Стефановска (-68 кг) која на крајот го освои седмото место.

Сетфановска стигна до репасажот и и фалеше уште една победа за да се бори за бронзениот медал. Младата Ангела Мојсовска се повеќе и повеќе се наметнува, имаше една победа а втората ја изгуби со 4-6. Виктор Крстевски забележа една победа, додека Жарко Костовски славеше против силниот Иранец Махди Гармајани Ашури со 3-0, но од Даниел Гајсински (Канада) беше минимално поразен 5-6, и тоа, како што вели неговиот тренер Сашко Арсовски, по истекот на времето противникот ја добил борбата, бидејќи Жарко водел 5-4, со удар кој судиите не го санкционирале туку го наградиле со два поени.

Од пријавените 17 мина во Ротердам се појавија 10 каратисти каде што настапуваат 683 натпреварувачи од 241 клуб, односно 74 земји.

Резултати
-61 кг – 53
Наташа Стефановска (Макпетрол) – Сара Брогнери (Италија) 1-2
Вероника Костовска (Кеикс) – Срика Сантос (Бразил) 0-2

68 кг – 45
Моника Стефановска (Макпетрол) – Еми Томасон (Нов Зеланд) 2-0
Моника Стефановска (Макпетрол) –Ксенија Малиута (Русија) 2-0
Моника Стефановска (Макпетрол) – Мирослава Копунова (Словачка) 1-2
Репасаж
Моника Стефановска (Макпетрол) – Каролина Арсенио (Португалија) 4-0
Моника Стефановска (Макпетрол) – Халина Мелник (Украина) 0-3

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Аиша Фатен (Тунис) 6-1
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Леа Авазери (Франција) 4-6

-84 кг -62
Виктор Крстевски (Металург) – Максим-Оливиер Ривест (Канада) 0-0
Виктор Крстевски (Металург) – Нуно Мореира (Португалија) 2-4
Петар Спасеновски (Металург) – Али Фадакар (Иран) 1-6

+84 кг – 53
Жарко Арсовски (КФМ) – Махди Гармајани Ашури (Иран) 3-0
Жарко Арсовски (КФМ) – Даниел Гајсински (Канада) 5-6

Ipon.mk/В.Д.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО