МОК: Каратето е главниот адут за Олимпијадата во Токио 2020, борењето на преиспитување

Olimpijci 2016 rio

На вечерашното свечено испраќање на нашите спортисти на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро во Бразил Ipon.mk, однонсо новинарот го постави прашање во врска со нашето учество на наредните Игри, бидејќи сега е време за тоа.

Челниците на МОК со каратистите
Челниците на МОК со каратистите

Што ќе се преземе за Олимпијадата во Токио 2020 година за да не се довдеме во истата ситуација како сега, однонсо да чекаме вајлд карти, а никако не може да размислуваме за медали како во минатото?

„Можеби е редно прво да завршат Олимписките игри 2016, потоа да направиме анализа – дали сме задоволни или да продолжиме со други спортисти. За нас од големо значење е што каратето ќе биде на програмата на Олимпијадата во Токио 2020, затоа што на Европските игри во Баку освои дав бронзени медали. Но треба да видиме како ќе биде со исполнувањето на нормите“, рече директорот на Македонскиот олимписки комитет, Владимир Богоевски.

Од друга страна, тој искажа незадоволство од Фдерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), не од спортистите туку од луѓето што ја водат Федерацијата. Оваа констатација беше надополнета со податокот дека МОК стипендирал 11 спортисти,а ниту еден не успеа да обезбеди А-норма за ОИ.

Во однос на борењето беше истакнато дека биле доделени 3 плус 2 стипендии со уверување дека токму овој спорт има најголеми шанси да обезбеди норми за Олимпијадата, бидејќи за тоа имаше и најмногу прилики преку Светското првенство и трите квалификациски турнири. На ФБСМ му порачаа да направи анализа за потфрлувањето.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО