Впечатлив нокаут на Адонис Стивенсон (ВИДЕО)

Adonis Stivenson 30 juli 2016

Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во лесно-тешка категорија, Адонис Стивенсон – Супермен (Канада) забележа уште еден импресивен нокаут. Тој го нокаутираше Томас Вилијамс – Јуниор во четвртата рунда на галавечерта во Квебек (Канада).

Уште на почетокот на натпреварот ѕвездата покажа дека има намера брзо да го заврши својот ривал. Предизвикувачот беше во нокдаун уште во првата рунда. Втората и третата беа исполнети со размена на удари пред Стивенсон да го нанесе својот завршен удар непосредно пред крајот на четвртата рунда.

Ова беше 28-та победа (23 со нокаут) и 1 пораз за шампионот. Томас Вилијамс веќе има два порази наспроти 20 победи (14 со нокаут).

„Ќерка ми имаше роденден и требаше да и дарам подарок. Беше атрактивен натпревар“, рече по средбата Стивенсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО