Мојсоски: Мислам дека има грешка за ваучерот на Георгиевски

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски даде свој коментар за ваучерот кој му припадна на нашиот олимпиец Дејан Георгиевски кој направи извонреден успех на ЛОИ во Пекинг каде освои сребрен медал во таеквондо.

За Дејан беше издвоена сума од 350.000 денари како државна помош преку ваучерскиот систем, па за ова имаше реакции од јавноста и од самиот Георгиевски кој едноставно смета дека заслужува повеќе особено по резултатот што го постигна пред само неколку месеци.

Меѓутоа по се изгледа има некоја грешка и ова за Фокус го посочи токму Мојсоски кој најави корекција на следната владина комисија.

-За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред, -порача Наумче за „Фокус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON