И во БК Бучим се револтирани од поделбата на ваучерите

И во БК Бучим се револтирани од поделбата на ваучерите од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Клубот кој е светски и европски шампион е револтиран поради изоставувањето на нивни борачи (деца) од системот за ваучери.

„Тие се со подобри резултати од веке рангираните борачи за ваучери. Изразуваме големо незадоволство, бидејќи и тие два ваучери што се доделени се со многу помала сума од добитници кои губат од нив со по 10-0 за минута време. Изоставени се Илија Атанасов, Ѓорги Горгиев, Михајло Илиев и Зорица Јованова, медалисти од Мидетеранско и Балканско првенство“, вели Горан Атанасов од Бучим.

Во Бучим се револтирани и од сумата што ја доби клубот – 250.000 денари, иако последен пат добил многу повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО