Могамедшарипов бара шанса за средба со Волкановски

Атрактивниот Дагестанец Забит Магомедшарипов смета дека е време да се бори за титулата. Забит имаше закажан меч на крајот на месецот со Јаир Родригез, но тој се повлече и така 29-годишниот Дагестанец остана без ривал. Неколку борци изразија желба да се борат со Забит, но тој цели на златото.

Забит е во серија од 14 последователни победи и е поранешен шампион на АЦБ. Не загубил веќе 7 години и ги доби првите шест борби во најголемата ММА организација. Магомедшарипов му фрли ракавицата на шампионот во категоријата Александар Волкановски. Забит вети дека ќе има незаборавна средба и повика да добие шанса во септември или октомври.

„Мојата следна борба треба да го определи предизвикувачот за титулата, а ја победив без борба. Следува битка за титулата. Волкановски, знам дека ти омрзна да се бориш против Холовеј. Ти си одличен шампион. Пробај нова крв. Ветувам дека ќе го направам незаборавен мечот. Ајде да им го дадеме на фановите она што го сакаат. Подготвен сум да ги чекам септември или октомври. Јас сум следен за титулата“, рече Могамедшарипов.

https://www.instagram.com/p/CDhqqraBzAH/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО