ММА фановите во Британија бараат кралицата да го прогласи Мајкл Биспинг за рицар

„Сер Мајкл Биспинг“.

Звучи добро, нели? Ако петицијата, организирана од англиските ММА фанови биде успешна, за некое време, најверојатно, така ќе се обраќаме на поранешниот шампион на УФЦ.

Со официјално писмо и собирање на гласови, фановите на Островот ја упатија следната молба до кралицата.

„Мајкл Биспинг е најдобар ММА борец во Велика Британија кој се натпреварува во средната категорија на УФЦ. Тој е професионален натпреварувач од 2004-та, поранешен шампион на УФЦ, поранешен шампион на Кејџ рејџ и победник на турнирот на Ултимејт фајтер 3. На УФЦ 78 стана првиот Англичанец кој се натпреварува во главниот настан на УФЦ. На УФЦ 199 стана првиот Англичанец кој се бореше и ја освои титулата на УФЦ. Финалната статистика во овој спорт му е 39-9.

Биспинг премина од ММА во филмската индустрија. Учествува во филмовите како „ХХХ: The Return of Xander Cage“, заедно со Вин Дизел, како и со Рој Шоу – Прети бој во „My Name Is Lenny“. Дури, има и мала улога во „Twin Peaks“ на Дејвид Линч.

Мајкл Биспинг се докажа како еден од најуспешните и кој најдолго се задржал на врвот во УФЦ, станувајќи пионер на спортот во Англија. Тој е инспирација за сите млади борци во земјата и затоа треба да биде прогласен за витез“.

Ако случајно сте во Англија, може да ја пополните петицијата тука:

https://you.38degrees.org.uk/petitions/knighthood-for-michael-bisping

Целта е да се соберат 2.000 потписи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО