ММА борец во тешка сообрќајка неповреден

Американскиот ММА борец Џон Додсон со семејството имаше тешка сообраќајна несреќа за време на викендот. Додека возеше, ветеранот на УФЦ и поранешен предизвикувач за титулата во мува категоријата удри во напуштен автомобил на сред автопат, кој е без никаква светлосна сигнализација.

За среќа, сите се неповредени, само автомобилот на Додсон е сериозно оштетен.

„Сакам да им кажам на сите дека сме живи и здрави. Имавме среќа што нашиот автомобил се покажа како силен и не спаси. Идиотот го остави автомобилот на сред пат и избега кога виде што се случува со нас. Луѓе, животот е прекраток и треба да уживате во него додека можете“, напиша Додсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО