Еве зошто Мек Грегор е голема ѕвезда! Погледнете ја лудницата кога Мек Грегор излезе од ресторан (ВИДЕО)

Настанот пред ресторан е само потврда за ѕвездениот статус на Конор Мек Грегор во Америка, но и низ целиот свет. Ирскиот ММА борец (22-5) следниот викенд има меч против Дастин Пориер (27-6, 1НЦ) на УФЦ 264 во арената Т-Мобиле во Лас Вегас.

Конор овие денови се сретна пријатели во еден ресторан, а на излегување беше пречекан од толпа фанови кои го окупираа целиот паркинг.

Секој го бараше најдоброто место за да ги искористи камерите на своите мобилни телефони за да го сними доаѓањето на УФЦ ѕвездата.

Полицијата и чуварите имаа многу работа да направат ред, а на Конор му требаше некое време да го најде излезот од паркингот.

Ирецот се обиде да го пренесе целиот настан во живо на Инстаграм, но сфати дека е подобро што побрзо да го напушти местото.

Мек Грегор веројатно веќе некое време ќе избегнува вака да излегува бидејќи треба да се подготви за мечот против Пориер, а влогот во таа борба би можел да биде голем.

Имено, победникот најверојатно ќе добие позиција на предизвикувач во борбата против Чарлс Оливеира за шампионскиот појас во лесна категорија УФЦ.

А, како изгледаше излезот на Конор од ресторанот, погледнете ги неговите две објава на Инстаграм:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО