Младост втор и со најдобар јуниор и јуниорка на таеквондо турнирот на „Корио опен“

На Меѓународниот таеквондо турнир „Корио опен“ во Скопје Младост заврши 2-рото место во А-Класа на генералниот екипен пласман. Младост со 26 натпреварувачи освои 25 медали – 11 златни, 9 сребрени и 5 бронзени.

Освен тоа, Христијан Симоновски освои трофеј за најдобар јуниор на турнирот, а Севдије Бекир трофеј за најдобра јуниорка.

„Ова е досега најголем екипен успех за клубот на домашната сцена. Наредно за што се подготвуваме е Балканското првенство во Сараево кон крајот на ноември“, велат од клубот.

На Корио опен учестуваа 300 натпреварувачи од државава и регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО