Младите борачи кои освоија медали на Балканското првенство имаа прием во АМС

Младите борачи на Македонија кои освоија осум медали на Балканското првенство во борење за деца и кадети во Мурска Собота во Словенија вечерва имаа прием во Агенцијата за млади и спорт.

Да посетиме дека нашите борачи освоија два златни и по три сребрени и бронзени медали, при што Македонија беше најуспешна во пионерска конкуренција и освои златен медал во екипна конкуренција во слободен стил и сребрен во грчко-римски.
Директорот на АМС, Дарко Каевски им се заблагодари на младите борачи за успехот во Словенија и им посака вакви успеси да постигнуваат и во иднина.

Покрај борачите на приемот беа и челниците на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Бетим Вренези и Дејан Богданов, како и тренерите на македонската репрезентација.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО