Кро Кап се враќа во РИЗИН да одарботи уште неколку борби (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ се враќа во Ризин за да направи уште неколку борби! Ова на својот Инстаграм профил го објави претседателот на јапонската борбечка промоција, Нобујуки Сакакибара.

Филиповиќ порано објави дека преговара за својата проштална борба во Јапонија, но се чини дека добил понуда за повеќе настапи и таа понуда едноставно не можел да ја одбие. Филиповиќ неодамна рече дека е целосно закрепнат од повредите и дека редовно тренира и дека ќе биде целосно подготвен за да го одработи својот проштален меч пред јапонската публика. Но, ако го прочитаме она што го напишал на Сакакибара, сепак станува збор за нешто повеќе од нив.

„Победникот за Големата награда на Ризин во 2016 година, Мирко Кро Кап, ќе се врати во рингот на Ризин по една година. Одлучи да се бори за саканите јапонски обожаватели уште неколку пати пред да се одлучи за конечно пензионирање. Има амбиции да се бори со важни противници додека не одлучи конечно да ги остави ракавиците и да ја заврши својата кариера. Внимавајте, бидејќи до вас ќе стигне последното поглавје во кариерата на Мирко“, напиша Сакакибара, кој со Филиповиќ е во добри односи уште кога беше претседател на Прајд.

Сакакибар не наведе дали Филиповиќ ќе се бори за Нова годијна, кога Јапонците ги одржуваат најголемите ММА настанани во годината, или на неговиот иден настап ќе го чекаат во 2018 година. Како и да е, Филиповиќ претходно објави дека тренира, па затоа не треба да бидеме изненадени доколку го видиме во рингот оваа година. Но, легендата уште еднаш нè изненади, доколку се потврди оваа изјава на Сакакибара за договорот на повеќе борби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО