Младиот Македонец Димитар Лазарески стана шампион на Германија во кик бокс

Единаесетгодишниот млад Македонец Димитар Лазарески синоќа стана шампион на Германија опен на познатата кик бокс организација ИСКА во К-1 до 35 килограми. Борбата се одржа Хајлброн и совлада Украинец.

Пред еден месец Лазарески имал 4 квалификациски борби кои ги добил, а вечера беше финалето.

Покрај настапите во ИСКА, Димитар настапува и во ВАКО.

Димитар е од Прилеп, а неговите родители пред неколку години се преселиле во Германија, односно во градот Инголштад, каде што тренира кикбокс во локланиот клуб Кик бокс темпл од својата шеста година.

Лазарески три години е првак на Германија, а неговиот татко Боби Лазарески вели дека негова желба е да се бори за Македонија и дека чекаат повик за репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО