Младен Јокмановиќ ќе одржи семинар за натпреварувачите на Максам фајт

Marko Jokmanovic borba

Наредниот викенд во Прилеп во Центарот за боречки вештини „Максам-Фајт“ ќе се одржи семинар и тренинг обука за бразилско џиу џицу и џудо. Инструктор ќе биде Црногорецот Младен Јокмановиќ, носител на црн појас во БЏЏ, џудо и џиу џицу.

Јокмановиќ е главен тренер во клубовите БЏЏ Мата Лео А-Форс и џудо и џиу џицу клуб Стара Варош-Волкано од Подгорица.

Crnogorec na seminar vo Mak sam

„Станува збор за еден од најтрофејните тренери кој има големи успеси и одлични резултати. Како натпреварувач е носител на многу златни медали од големи светски и европски натпревари. Исто така неговите членови постигнуваат одлични резултати на многу меѓународни натпревари во БЏЏ, џудо и џиу џицу“, вели Пеце Ангелски од Максам. На Јокмановиќ ќе му асистира Срѓан Бошкович-носител на виолетов појас во БЏЏ и освојувач на третото место на Светското првенство во граплинг и прво место на Европското првенство во Рим.

Mladen Jokmanovi' na seminar vo Maksam

Според Пеце Максам, целта на семинарот е промоција и развој на бразилската џиу џица, едукација на членовите на клубот, надградба на знаењата, стекнување на нови знаења и нови пријателства.

„Ќе се работи во два дела-БЏЏ и џудо со кимоно и без кимоно, со посебен акцент на техниките кои најчесто се применуваат во ММА борбите .Семинарот е од затворен тип и е наменет само за членовите од ЦБВ „Максам-Фајт“. И тоа само за членовите кои имаат искуство во натпревари и се подготвуваат за следни натпревари во БЏЏ и ММА“, истакнува Ангелески.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО