Мирко Кро Кап не верува дека Емилијаненко наскоро ќе се бори во Јапонија

fEdor so rusko zname pozadina

Мирко Филиповиќ не верува дека поранешниот шампион на Прајд ФЦ и негов пријател, Федор Емилијаненко, ќе учествува на турнирот на Ризин фајтинг федерјшн.

Филиповиќ се врати по втор пат, откако се повлече од активната спортска кариера, за да земе учество во турнирот на Ризин ФФ во септмеври.

Турнирот вклучува 16 борци, а четвртфиналето ќе биде на 25 септември во Сајтама, Јапонија, полуфиналето ќе се одржат на 29 декември, а финалната средба ќе биде на 31 декември.

До овој момент потврдени имиња за учество во турнирот се: Кро Кап, Вондерлеј Силва, Казујуки Фуџита и Кајдо Ховелсон.

Многу луѓе се надеваат дека јапонските организатори ќе го привлечат и Емилијаненко на турнирот, но Кро Кап има пионакво мислење:

„Да, на интернет се вртат различни имиња за учество во турнирот на Ризин ФФ, најчесто се споменува името на Федор, но не верувам дека ќе се случи тоа.

Дури видов постер со мојот лик против него, а се тврдеше дека нашиот меч ќе го отвори овој турнир. Но, за мене тоа е само маркетиншки трик. Не верувам дека Федор наскоро ќе се бори во Јапонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО