Младен Брестовац против Рико Верховен за титулата на Глори

glory 28

Младен Брестовац ја доби приликата на животот.

Членот на Спартан ГИМ од Загреб на 12 март во Париз ќе се бори за шампионската титула на Глори во тешка категорија против Рико Верховен. На 26-годишниот Холанѓанец ова ќе му биде четврта одбрана на титулата.

Брестовац на мечот со Верховен влегува со два последователни порази. Првично требаше да се бори со Андерсон Силва на 26 февруари на Глори во Чикаго. Наместо со хрватски борец, “Braddock“ ќе се сретне со Американецот Карлос Брукс.

За главна борба на Глори 28 во францускиот главен град беше планирана средбата меѓу првакот во полутешка категорија Саул Кавалари и Гокан Саки, но Турчинот се повреди, па Бразилецот ќе ја брани титулата против Артем Вахитов.

Сергеј Адамчук го брани појасот против во перолесна категорија против победникот на турнирот на предизвикувачите во Амстердам, Мосаб Амрани.

Во супер борбите Мартел Гроенхарт ќе се сретне со Седрик Думбе.

Ќе се одржи и турнирот на четиримината во лесна категорија, а засега е најавен настапот на Ситичаи Ситсонгпеенонга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО