Мицкоски: Џудото не поттикнува агресија, детето учи да соработува, почитува и развива самоконтрола

Во периодот кога сите активности а посебно спортските се целокупно во застој согласно актуелната состојба како во нашата држава и странство, добро е да се напоменат некои работи кои се од големо значење и се надеваме дека сите ќе извлечеме одредени заклучоци и ќе почнеме да практикуваме некои работи по завршувањето на оваа состојба, односно со новиот почеток на тренажните активности кога е во прашање спортот, вели Дејан Мицкоски, тренер во Џудо клубот Сеишин од Прилеп, кој е член и на Дан комисијата на ЏФМ.

Мицкоски које прогласен за најдобар тренер во Општина Прилеп за 2019 година и во севкупен пласман е прво во џудо за 2019 година.

Мискоски потенцира дека УНЕСКО го прогласи џудото за најдобар почетен спорт за обука на деца и млади на возраст помеѓу 4 и 21 година.

Тој ги наведува придобивките за развој на децата:

„Детето преку работлива пракса на џудото, ја развива својата сила, брзина, флексибилност, координација, рефлекси, концентрација, рамнотежа, отпор, личност, самодоверба и познавање на сопственото тело… Поради постојано менување на ситуациите, во џудо праксата, детето е принудено да го стимулира своето „тактичко размислување”. Џудото не поттикнува агресија, преку својот однос со своите соборци детето учи да соработува, почитува и развива самоконтрола. Џудо вежбаат без удар и удар во својата почетна фаза, што е побезбедно за децата кога ќе започнат со практиката на боречките вештини. Иако првично станува збор за боречка вештина, џудото во својата пракса пренесува одредена култура и традиции, како што се: почит, дисциплина, емоционална рамнотежа, а воведува и многу други вредности во секојдневните навики на децата“, посочува Мицкоски.

Корисни информации за џудото:

„Тоа е училитшен спорт, со се она за што се залага. Тоа е Олимписки спорт. Тоа е задолжителен предмет за студентите на факултетите за физичко воспитување, спорт и здравје. Станува збор за спорт чија пракса ја препознава УНЕСКО, како најпрепорачливо за деца над 4 години“.

„УНЕСКО го прогласи Џудото за најдобар почетен спорт за обука на деца и млади луѓе од 4 до 21 години. Ова е многу битно да се проследи до сите образовни установи“, нагласува Мицкоски.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО