Дејан Митровски за СП во мај тај: Два медала за Македонија, за мене како претседател и селектор е голем успех! (ФОТО)

Селекторот на македонската мај тај (тајландски бокс) репрезентација Дејан Митровски – Урко за настапот на Светското првенсто во Канкун, Мексико, вели дека се освоени два медала и дека тоа е голем успех и оти е презадоволен од резултатот.

„Светското првенство во мај тај Македонија го заврши со два медала: сребрен на Бобан Илиоски и бронзен на Димитар Ѓоргиев. Хадис Рамадани не успеа да дојде до медал. Ова првенство е големо школо за сите борци што уцествуваа, но и за нас како тренери кои работиме со нив, за овој стил на борба кој е многу комплексен и специфицен за разлика од тоа што го работиме ние. Мај тај важи за најтежок и најкомплетен боречки спорт во кој се дозволени сите можни удари, вклучувајќи и фрлања. Забранети се само удари со глава и кога противникот е на подот (земја). Иако ова беше несто ново за нас, нашите натпреварувачи добро се покажаа и од Светското првенство со тројца натпреварувачи донесовме два медала за Македонија, што за мене како претседател и селектор е голем успех и сум презадоволен од резултатот“, изјави Митровски за Ipon.mk.

Митровски информира и за работниот дел на ИФМА (Светската аматерска мај тај организација).

„Се оджа официјален состанок со генералниот секретар на Интернационалната федерација за мај тај за аматери- ИФМА, Стефан Фоџ. Остваривме и кратка средба со претседателот на ИФМА, при што договоривме Македонија во август во Банког, Тајланд, каде што ќе се одржи следното Генерално собрание на ИФМА, да бидеме примени како нејзина членка под името Кик боксинг ма тај федерација на Македонија. Договоривме да ни пратат еден судија и еден тренер кои ќе одржат семинар за судиите и семинар за тренерите за правилата и начинот на судење со техниките и тренажниот процес на овој стил на борба. Исто така, ни беше укажано дека имаме обврска да присуствуваме на минимум два натпревари годишно. Понудено е соработка за се што ќе ни треба. Ни стојат на располагање за да ни помогнат. ИФМА и ВАКО се различни федерации кој негуваат разлицни стилови и не се конкуренти, а и имаат соработка“, вели претседателот на Кик боксинг федерацијата на Македонија, Дејан Митровски.

Нашата репрезентација ја водеа претседателот и селектор Дејан Митровски-Урко и генералниот секретар и тренер Драган Атанасовски.

„Благодарност до Агенцијата за млади и спорт, која е целосен покровител на репрезентацијата за ова Светско првенство, на кое со резултат и успех ја оправдавме дадената поддршка и доверба“, вели Митровски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON