Сребрен медал за Бобан Илиоски на Светското првенство во мај тај

 

Сребрен медал за Бобан Илиоски (-81 кг, Б класа) на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.

Во борбата за златниот медал со Кинезот Чан Луо Илиоски е поразен со еден поен разлика 29-28.
И ова е успех за Бобан Илиоски, бидејќи прв пат настапува на мај тај првенство.

„Во првите две рунди водеше Бобан, а во третата за еден поен повеќе победи Кинезот. Бобан доминираше во сите три рунди, Кинезот му ги земаше поените во клинч со колена и беше поактивен“, рече селекторот Дејан Митровски.

Резултати
-81 кг Б класа
Бобан Илиоски – Џондсон Медеирос (Бразил) победа со КО, Р1
Бобан Илиоски – Свон Тарнер (Канада) 29-28
Полуфинале
Бобан Илиоски – Мигел Анхел Падила Роблес (Мексико) 19-19 (со прекин, Р3)

Финале
Бобан Илиоски – Чан Луо (Кина) 28-29

Ipon.mk

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО