Митровски: Подготвени сме и имаме потенцијал за медали на Светското првенство

Македонската кик бокс репрезентација рано утрово отапатува на Светското сениорско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина, на кое ќе не претставуваат шест натпреварувачи во лоу кик и К-1 од 22 до 27 октомври.

Боите на Македонија ќе ги бранат Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик), Емир Ибраим (-63,5 кг, лоу кик), Бобан Илиоски (-81 кг, К-1), Роберт Костовски (-71 кг, К-1), Даниел Митров (-57 кг, К-1) и Дарко Најдов (-67 кг, К-1).

„Сите шест натпреварувачи се подоготвени за ова Светско првенство. Се надевам дека Димитар ќе успее по четврти пат да го земе златото во својата категорија. Бобан, на кого три години за влакно му бега златото, конечно ќе успее да го освои златото, бидејки напорно и редовно тренираше и сфати која е поентата за победа –  да не оди само на нокаут и класичен напад на противникот, што беше негова постојана пракса, туку паметен напад со пласиранје удари за поени, кој ќе резултира со победа. Останатите борци, Емир Ибраим, Дарко Најдов, Роберт Костовски и Даниел Митров се повеќекратни државни прваци и се голем потенцијал и претенденти за медали“, изјави селекторот и претседател на Кик бокс маитаи федерцаијата на Македонија Дејан Митровски – Урко кој со тренерот Драган Атанасовски ќе ја предводат нашата селекција.

Митровски и Атанасовски вчера даруваа крв како дел од репрезентацијата на Македонија.

На Светското првенство ќе настапат 754 натпреварувачи  од 58 држави.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО