Вајдман повторно нокаутиран, на Харди му е одземена победата (ВИДЕО)

Крис Вајдман (14-5, 10-5 УФЦ) беше нокаутиран во дербито во полутешка категорија.

Поранешниот шампион во УФЦ во средна категорија на главниот настан во Бостон загуби за 103 секунди на непоразениот Доминиќ Рејес (12-0, 6-0 УФЦ).

35-годишниот Вајдман успеа накратко да го сруши шест години помладиот противник на почетокот на мечот, но не успеа да го задржи. Кога тргна напред, Рејес го собори со силен заден лев директ и наскоро го заврши со хамерфист.

На поранешниот шампион ова му беше пети пораз во последните шест борби. Во сите тие порази беше нокаутиран.

Рејес по победата го предизвика Џон Џонс.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=87-X95rhM0M

Во борбата на вечерта, Јаир Родригез (12-2, 7-1 УФЦ) со едногласна одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28) го совлада Џереми Стивенс (28-17, 15-16 УФЦ) и му го нанесе третиот последователен пораз. Нивната прва борба во септември беше прекината и откажана по само 15 секунди откако Стивенс доби прст во окото.

https://www.youtube.com/watch?v=FHb_1AQfOFw

Бонуси за изведба на вечерта добија Доминик Ријес и Чарлс Роса  кој со армбар во прата рунда го совладаа Мани Бермудез

Грег Харди (5-1-1NC, 2-1-1НЦ УФЦ) многу кратко уживаше во третата последователна победа во УФЦ. Поранешната американска фудбалска ѕвезда првично го победи Бен Сосоли (7-2-2NC, 0-0-1НЦ УФЦ) со едногласна одлука, но борбата набргу беше поништена, бидејќи Харди користеше инхалатор во втората рунда.

„Бев во рингот. Мојот тренер и јас ја прашавме комисијата дали е добро за мене да користам инхалатор и тие рекоа дека е, па го користев. Сè уште сум нов во овој спорт. Го направив истото што го правам и во секоја ситуација, побарав дозвола. Добив дозвола и го направив она што ми беше кажано“, прокоментира Харди.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=rrewWiScjfU

35-годишниот ветеран Џо Лаузон (28-15 ММА, 15-12) го нокаутира дебитантот Џонатан Пирс (9-4, 0-1 УФЦ) за минута и половина.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=g5grmSXc7h4
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО