Мите Ашкилов освои бронзен медал на Европското првенство во мај тај

mite-askilov-so-medal-na-ep-zname

Мите Ашкилов го освои бронзениот медал на Европското првенство во мај тај na IFMA во Сплит-Хрватска во категоријата до 86 килограми.

mite-so-ivan-tosik-na-ep

„Се борев во категоријата – 86 кг која, сепак, не е моја категорија. Го освоив третото место по поразот во полуфиналето од Германецот кој е вицешампион од Светското првенство во Шведска. Лично, од борбата не сум задоволен, бидејки бев настинат од климатските промени и не можев да дадам сто отсто од себе. Сепак, оваа е  едно големо искуство за понатамошните натпревари што ме очекуваат“, вели носителот на борнзениот медал Мите Ашкилов.

mite-askilov-so-vorkapik-na-ep

На првенството учествуваa околу 400 натпреварувачи од 30 земји.

Од лични причини во аголот на нашиот репрезентативец не беше неговиот тренер Ристе Ристов, па поддршката ја доби од македонскиот интернационален судија и претседател на Македонската мај тај федерација Иван Тошиќ и тренерот на мај тај репрезентацијата на Словенија, Изток Воркапиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО