Мите Ашкилов (1990) од Мај тај клубот „Комбат“ од Радовиш постигна извонреден резултат во тајлансдкиот бокс, од осум борби шест завршија со победа, односно освои шест златни медали и еден сребрен. Тој имаше три последователни победи во ИТМЛ/ВМЦ лигата во Бугарија и уште една победа во Словенија. Поради овие успеси Ашкилов беше прогласен за спортист на г одината на Општина Радовиш.
Ако се има во предвид дека Ашкилов само две години се занимава со овој спорт, тогаш неговиот успех има поголемо значење, но и почитување.
Минатата година имаше три победи во Европската лига за тајландски бокс. Како резултат неодмана стигна признанието најдобар за 2014 година. Дали очекуваше дека ќе бидеш најдобар?
-Минатата година беше мошне успешна за мене, имав три победи со три златни медали во Бугарија; прво место во Словенија на натпревар во Мај-тај лигата и шесто место на Европското првенство во Полска.
Не, секако не очекував. Но, сепак, во мене постоеше некоја надеж, бидејќи во сето тоа вложив многу голем труд.
Какви се твоите планови за оваа година?
-Плановите за оваа година се освојување на златен медал на Европското првенство во мај тај и одбрана на титулата во Мај-тај лигата во Бугарија.
Дали може да очекуваме дека ќе поминеш да се бориш во поквалитетна класа? Размислуваш ли за професионлани мечеви?
-Не знам, можеби тоа е желба на секој борец. Се надевам дека и јас, со мојот труд и големата волја, ќе дотуркам до таму.
Што те привлече да се определиш за овој спорт?
-Како мал ги следев сите спортови, но најмногу бев импресиониран од тајландските боксери. Како сето тоа го изведуваа тие во рингот, па така и јас сакав да се најдам во истата улога (во рингот).
Како што е познато Радовиш е град на борењето, познат и во светот по европската и светската титула на БК Бучим, а до сега немало клуб кој бил поврзан со боксот. Кој беше „виновен“ за изборот на тајландскиот бокс?
-Виновникот за сетоа оваа е мојот тренер, Ристе Ристов. Тој е заслужен за сето ова што го постигнав.
Како реагираа твоите родители и пријатели? И како гледаат сега на тебе откако нанижа три победи во ЕЛ?
-Моите родители ме подржуват и финансиски и психички, бидејќи веруват во мене и гледаат како секој ден се повеќе и повеќе вложувам труд во себе. Секако, и пријателите ме охрабруваат и ми дават поткрепа за сето ова
Со што друго се занимаваш?
-Со ништо друго не се занимавам, освен со тренирање мај тај.
ipon.mk/В.Донев