Зоран Пејов по патеките на Таиџи Казе со Велибор Димитријевиќ!

                                                                                                                                                                                                                                                                                Ninja i DimitrijevikПо патеките на Тиџи Казе, така може да се опише семинарот што неодмана во Јагодина,Србија, го одржа сенсеи Велибор Димитријевиќ, кој е предводник на „Казе Ха-шотокан рју академијата“ во Србија. Тој е носител на мајсторски појас седми дан.

На семинарот учествуваа 130 каратисти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Англија и Шведска.

Македонското карате беше претставувано од сенсеи Зоран Пејов од КЦ „Пејов“ од Скопје. На семинарот се работени техники, кати и бункаи.

Меѓу интересните гости беше и поранешниот бодигард на британската премиерка Маргарет Тачер, Мајк Рајс.

Димитријевиќ е еден од најдоследните и последните најблиски асистенти на Таиџи Казе на самурајската школа, се до неговата смрт. Тој е еден од петте члена на Техничката комисија, која е лично составена од Казе.

Држи семинари во Европа  и светот, а седиштето на неговото Хомбо доџо е во Атина, Грција.

Димитријевиќ во поранешна Југославија е неприкосновен во изведбата на кати, но се натпреварува и во борби. Има медали и од Европските и од Светските првенства, и во кати и во борби.

Сенсеии: Зоран Пејов, Гвозден и Мајк Рајс, бодигард на Маргарет Тачер.
Сенсеии: Зоран Пејов, Гвозден и Мајк Рајс, бодигард на Маргарет Тачер.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО