Виталиј Кличко: Шансите на брат ми и Џенингс се 50:50! (ВИДЕО)

klicko dzenings vo oci

Почесниот светски шампион во супертешка категорија на верзијата ВБЦ и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, смета дека шансите на неговиот брат Владимир и непобедливиот, до овој момент, Брајант Џенингс, кои на 25 април ќе се качат во рингот на познатата њујоршката сала „Медисон Сквер Гарден“.

Средбата ќе се одржи во Меката на боксот, каде што се одржаа легендарни боксерски мечеви. Боксерската јавност очекува многу од оваа борба, а сите велат дека Владимир безусловно е фаворит во оваа пресметка.

„Јас сепак сакам да истакнам дека шансите се 50-50 во оваа средба. И, единствено, од самиот спортист зависи дали тој ќе биде во можност да се зголемат овие шанси. Владимир знае подобро од којбило друг како да ги спроведе подготовките. Тој има долгогодишно искуство, како животно, така и спортско. Штета што Емануел Стјуарт веќе не е со него, но неговиот ученик Џонатан Бенкс покажа дека е доволно ефикасен како тренер и јас сум убеден дека ќе го видиме Владимир во топ форма“, изјави Виталиј Кличко.

http://youtu.be/iOxT2vHW_B8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО