Мистериозни Руси го подготвуваат Барнс за средбата со Чимаев

Поранешниот предизвикувач за титулата во полусредна категорија, Жилберт Барнс, добива шанса да ја запре чеченската сензација Хамзат Чимаев. Тие ќе се борат на УФЦ 273 следниот месец на Флорида.

„Борз“ е во серија од 10 последователни победи. Тој има 4 победи во УФЦ и доби бонус од 50.000 долари во секоја борба. Многумина очекуваат да го достигне врвот во категоријата, но Барнс планира да го спречи.

Во интервју за ММА Фајтинг Барнс изјави дека се подготвува со двајца борци од Русија за оваа борба.

„Морав да ангажирам двајца борци, двајца многу тешки Руси кои ми помагаат секој ден. Тие сакаа да ги задржат нивните имиња во тајност и морав да се согласам.

Ми покажуваат многу работи, менувајќи многу во мојата борба. Отсекогаш ми се допаѓале уривањето, заклучувањето на телото, но Русите имаат различни детали и уникатни зафати.

Ќе помислите дека се супер силни, но не се. Тие се силни и нивната техника е одлична. Има многу техника со колковите, половината и контролата. Тие се пред САД во овој поглед. Научив многу во овој камп.

Дејна Вајт и УФЦ многу го рекламираат ова дете. Тие велат дека ова дете е убиец и никој не сака да се бори со него. Мислам дека е проклето добро и многу ветувачки. Мислам дека тој е тежок борец.

Може да се случи многу, но јас сум фокусиран на оваа борба. Сакам да дадам се од себе за повторно да стигнам до титулата во категоријата“, изјави Бразилецот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО