Мишела подобра од Маријана во сениорското финале на Австралија опен 2018 (ФОТО)

Мишела и врати на сестрата близначка Маријана за вчерашниот пораз на Австралија опен 2018, бидејќи денеска таа го освои златниот медал во кати во сениорска конкуренција.

Каратистките Мишела и Маријана Димоски се сретнаа во финалето во сениорска конкуренција на Австралија опен 2018 во кати.

Да постетиме дека вчера во У-21 Маријана славеше во финалето против Мишела. Лани Маријана го освои златниот медал во сениорска, а Мишела во У-21.

Мишела имаше 5 мечеви која ги доби со 5-0, а Маријана четири славеше 5-0, еден 3-2 дискутабилен и еден 4-1.

„Следно е континенталното Океанија првенство во Оукленд, Нов Зеланд, од 16 до 22 мај. Мишела и Маријана Димоски ќе ја претставуваат Австралија и во сениорка и во У-21.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО