Мирко Филиповиќ призна дека земал хормон за раст, но за лечење

Filipović Koreja

Регионалната и светска ѕвезда на слободните борби, однонсо ММА и кик-бокс, Мирко Филиповиќ, преку својот профил на Фејсбук се обрати до јавноста поради суспензијата од УФЦ, а се однесува на потенцијалниот позитивен допинг тест.

Тој призна дека употребувал нелегален хормон за раст (ХГХ) во терапевтски цели и вели дека го информирал УФЦ за тоа. Се согласува да сведочи пред Антидопинг агенција на УСАДА во САД.
Филиповиќ изјави:
„Прв ден во пензија и веднаш проблеми. Веројатно сум прв кој е суспендиран по пензионирањето. Добредојдено им е да вежбаат строгост на некој познат. Еве за што, всушност, се работи. УФЦ потпиша договор со УСАДА, антидопинг агенција на САД, да спроведува тестирање на УФЦ борци. Морав да пополнам прашалници, како и сите борци, да наведам каде ќе бидам во рамките на подготовките заради евентуален тест. Кога почнаа проблемите со рамото, откако класичните методи со мраз и масажа не помогнаа, ја преминав на крвна плазма, директно во рамото, а со тоа и една мала количина на хормонот за раст, со цел побрзо да заздравам“.

„Хормонот за раст е на листата на забранети супстанции и знаев за тоа, но немаше друг начин како да се спаси моето рамо, барем така мислев. За жал, единствениот лек за рамото е неколку недели пауза и одмор, но очајник се фаќа за сламка. По шест дена со плазма и со хормонот, дојдоа да ме тестираат. Уредно дадов крв и урина и веднаш го информираа УФЦ дека тестот е направен за време на рехабилитација на рамото, при што сум зел мала количина на хормонот за раст, бидејќи ништо друго не помага, зашто сакав да се борам по секоја цена“.

„Ако ја откажев борбата поради рамото, знаев дека тоа ќе беше мојот крај, затоа што веќе поминаа осум месеци од последниот меч, а јас на моја возраст не можам да чекам 5 или 6 месеци до следната борба. Ниту е готов тестот, ниту, пак, сум сигурен дека тоа ќе биде позитивен, зашто само неколку дена го земав хормонот, само за да ги спасам борбата и рамото. Тие ми одредија суспензија само затоа што јас им кажав, но таа нема никаква смисла, бидејќи сум во пензија поради повреди по целото тело, а круната беше повредата на рамото“.

„Глупо е да спомнувам дека овој хормон го излачува самото тело и дека некои покачени нивоа може да се откријат 10-тина, подоцна или на мечот ќе бев чист. Хормонот не ги подобрува перформансите во која било форма, како што тоа го прави тестостеронот, различните стероиди или анаболици, но такви се правилата. Во петокот молев да не се откажува борбата, по толку многу болки и напори за време на подготовките“.

„Мислам дека ќе одам на сослушување во Агенцијата. Нека направат тестови и сè ќе биде во ред. Во последно време само пет пати сум тестиран, само во УФЦ, се разбира, секогаш сè беше во ред. Тренингот во саботата беше мојот последен, зашто ми „отиде“ рамото. Магнетот во понеделникот покажа скинат мускул, оштетена тетива и многу течности во рамото. Тогаш се прекршив и таа ноќ донесов одлука дека немам повеќе сила да се борам со повредите и објавив крај на кариерата. И тоа е тоа. Оваа суспензија навистина нема никаква смисла. Иако ја разбирам УФЦ што се дистанцира. Ќе испадне дека сум земал нелегални средства, а нема врска. Но, што е тука е, чувај Боже од полошо“, напиша Филиповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON